Зенит срушен во Москва, втора ВТБ титула во низа за моќната ЦСКА!

Кошаркарите на ЦСКА Москва ја освоија шампионската титула во ВТБ лигата откако славеа над тимот на Зенит во шестиот натпревар од финалната серија со конечни 96-73. 

„Армејците“ беа апсолутно подобар противник и заслужено се искачија на тронот, единаесетти пат откако е создадена единствената ВТБ лига. Најдобар поединец на мечот беше Французинот Амат Ембај со 19 поени, шест скока, две асистенции и две украдени топки. 

На спротивната страна се истакна Трент Фрејзер со седумнаесет поени. За ЦСКА Москва ова е втора титула во низа, а во минатогодишното финале беше совладан Уникс Казан со конечни 4-1.