Париската модна куќа Coperni, којашто е позната по своите уникатни ремек дела, создаде нова верзија на популарната Swipe Bag чанта.
Може да се каже дека брендот овој пат се надмина себе си креирајќи чанта од метеор стар 55 илјади години.
Таканаречата Mini Meteorite Swipe според Teathrum Mundi, европската галерија за остатоци од вселената, е навистина создадена од метеор.
Секоја ваква чанта е приказна сама за себе, ниедна не е иста како претходната, како по обликот така и според каменот.
Се изработуваат исклучиво по нарачка од врвни италијанските мајстори, од фабриката Semar.
Цената е истотака метеорска, или во превод 45 илјади долари. Заедно со уникатната изработка добивате и Coperni потпис, а рокот за испорака на чантата е шест недели.
Фото: Coperni