Филип Талески и Бенфика го продолжуваат настапот во Европската лига на ЕХФ, откако португалскиот тим успеа да слави во последното коло и да обезбеди пласман во осминафиналето од ова натпреварување.
Бенфика за противник го имаше тимот на Бидасоа Ирун од Шпанија, дуел што Португалците го добија со 33-30, обезбедувајќи го третото место во групата кое значи и пласман во осминафиналето, каде Талески и соиграчите за противник ќе го имаат данскиот претставник ГОГ.
Македонскиот интернационалец одигра солиден натпревар успевајќи да постигне три гола за Бенфика од исто толку обиди.
Директен пласман во четвртфиналето од ЕХФ Европската лига обезбедија Кил, Фленсбург, Монпелје и Бидасоа, додека во осминафиналните пресметки покрај Бенфика – ГОГ ќе се сретнат уште и: Гумерсбах – Мелсунген, Лимож – Луцерн и Порто – Тулуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА