Возбудувања во Гостивар: БЕСА поведе, па Брера промаши зицер (ВИДЕО)

На прволигашките терени денеска се играат само три натпревари, откако во Струмица, Гостивар не се појави на стадионот за натпреварот против Пелистер, а претходно свој настап откажа и Воска Спорт.

Најголемите возбудувања во првите 10 минути се во Гостивар, каде што Беса поведе против Брера. Голот за предност го постигна Меџит Незири по нафрлена топка од корнер.

Меѓутоа тоа не беше се. Веднаш врати Брера, а зицер имаше напаѓачот на гостите Ндзенге излезе сам пред Захов, но го промаши цел гол.

Се вчитува...