По разочарувачката сезона на Феникс во која клубот од Аризона не успеа ниту да се пласира во плеј-офот на НБА, заминува најголемата ѕвезда во составот, Кевин Дурент.
Очекувањата се дека американскиот крилен центар кариера ќе ја продолжи во Сан Антонио каде ќе се обиде да создаде нов ѕвезден тим со Виктор Вембенјама.
И покрај тоа што ја игра 17 сезона во НБА лигата, Дурент останува еден од најдобрите кошаркари. Изминатата сезона бележеше просек од 26.6 поени, 6.0 скокови и 4.2 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА