Инспиративен дом во скандинавски стил

12 декември 2023

Поради својот минималистички стил, светлите бои и префинетите детали сканди начинот на уредување е прилично популарен.

Светлите бои како на ѕидовите, така и на мебелот му даваат на домот отвореност и транспарентност коишто се од голема важност.

Да не ги заборавиме и плетените корпи, цвеќињата и вазните коишто дополнително и даваат шмек на сканди естетиката.

Доколку светлината недостасува ова може да се реши со огледала поставени на стратешко место.

Кога веќе се одлучувате за сканди стилот, тогаш и завесите и постелнините се одбираат во светла боја или нежни земјени тонови.

Природните елементи имаат предност, затоа дрвени греди, полици, и едноставни метални конструкции се најзастапени.

Меки и големи теписи, украсни перничиња во светли бои и го имате сканди стилот во целост. Останува само да го прилагодите според желбите и вкусот.

Мала доза инспирација во продолжение.

Објавено:
12 декември 2023
Категорија: 
Архитектура