Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

Од:

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р. Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл.123 ст.1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информираат од полицијата, вчера рано наутро околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што околу 01.30 часот физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди на А.С.(34) од Р. Турција, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување помош.

Би можело да ве интересира

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) МВР: Уапсен е таткото кој и ги врзал рацете на својата 11-годишна ќерка

Горан Наумовски

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје

Во амбуланта почина 36-годишна жена од скопско Кадино

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство