logo
logo
logo

Направете си план - ОСУМ СПОЕНИ ВИКЕНДИ не чекаат во 2024

Vecer | 02.01.2024

Направете си план - ОСУМ СПОЕНИ ВИКЕНДИ не чекаат во 2024

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) претходно ја објави Програмата на неработни денови за 2024 година, согласно Законот за празниците на Република Македонија.

Според програмата, неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

01 јануари (понеделник), Нова Година,

07јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,

06 мај(понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

01 мај (среда), Ден на трудот

24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

02 август (петок), Ден на Републиката,

8 септември (недела),Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

11 октомври (петок), Ден на народното востание,

23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,

19 јануари (петок), Богојавление (Водици),

03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

21јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

01април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

01ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

12 октомври (сабота), ЈомКипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk