(Фото и видео) Виенски бал во Скопје: ЕЛЕНА ЛУКА со доминантна мода и екстраваганција според дрес-код

14 мај 2023

Вчеравечер Скопје танцуваше во ритамот на виенскиот валцер, на 22-то издание на Виенскиот бал што традиционално се одржува во хотелот Александар палас. Вечерта ја обоија екстравагантните звуци на музиката на Штраус, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.

На присутните гости, најголем дел од дипломатскиот кор, општествениот и културниот живот, како и од деловниот свет, добредојде им посака домaќинката и водителка на настанот Вера Мештеровиќ која и годинава воодушеви и беше во фокусот на вниманието, стилизирана во прекрасни, екстравагантни тоалети од ЕЛЕНА ЛУКА кои донесоа холивудски шарм и авангардност на настанот.

ЕЛЕНА ЛУКА како долгогодишен пријател и поддржувач, покрај тоа што стилизираше голем дел од дамите што беа присутни на балот, исто така ја збогати програмата на годинешниот Виенски бал со ексклузивна модна изложба на десетина луксузни креации кои го носат духот на вистинскиот гламур и престиж на манифестацијата, на воодушевување на сите присутни. Гостите имаа уникатна можност одблиску да се запознаат со уметноста што нашиот етаблиран моден бренд ја создава и ја интерпретира во своите авангардни дизајни, кои беа изложени како автентични модни дела и со сиот свој луксуз ѝ даваа посебен сјај на оваа вечер.

Културните манифестации од типот на Виенскиот бал, од еден свој аспект не тестираат до каде сме со прогресот во следењето на светските стандарди и бармоетар за тоа колку сме спремни да го почитуваме поставениот дрес-код на една манифестација со глобално канализирани текови.

Како и досега, дрес-кодот беше јасно нагласен и задолжителен - за дамите долги тоалети, додека за господата темни костуми или смокинг.

Гламурот, елеганцијата, престижот и благодатот, уште еднаш беа попратни синоними на традиционалниот Виенски Бал во Скопје.

На подиумот видовме раскош во бои и силуети, а модното присуство на ЕЛЕНА ЛУКА доминираше меѓу дамите.

Вчерашниот Виенски бал одржан во Скопје, покажа едно доследно ниво кога е во прашање стандардизираниот изглед на гостите, секој со свој индивидуален пристап во интерпретирањето на пропишаниот дрес-код.

Кога веќе говориме за модата и дрес кодот поврзан со настан од балски карактер, постојат низа правила кои се однесуваат на целосната визуелна композиција на оној што присуствува, како за мажите така и за жените. Доколку додега не сте присуствувале на Виенскиот бал или сте биле годинава, во продолжение ви посочуваме на правилата во случај да не погрешите за следниот или да ги пронајдете модните грешки што ги направивте.

За жените:
Задолжително бирајте макси тоалети, впрочем така налага самот дрес-код на балот. Од особена важност се материјалите од кој е изработен, а во случајот најсоосветна е свилата, тантелата и тулот. Силуетата од фустанот е исто така многу важна, па кога веќе инвестирате во балски фустан најдобро е тој да е волуменозен, слоевит или плисиран во долниот дел, додека во пределот околу градите да нема пренагласено деколте. Во однос на бојата, водете се по тоа која нијанса најмногу одговара на вашиот тен, црните варијанти никогаш не се исклучени од кои ќе оставите елегантен, но помалку и конзервативен впечаток. Секако волуменозните фустани не прилегаат на сите телесни конституции, па доколку имате ниска фигура можете да се одлучите и за фустан во строг и рамен кој, но со висок шлиц кој ќе ја издолжи вашата силуета.

За мажи:

Можеби нивниот изглед за на бал изгледа помалку комплициран од женскиот, но дрес кодот алудира сосем на спротивното. Ако во случајот кај жените задолжителен е макси фустанот, кај мажите правилата велат дека таа улога ја има фракот, кој претставува најелегантната опција за ваков ексклузивен настан и од ова нема исклучоци. Задолжителна боја за кошулата е бела, а нејзините завршетци од ракавите и јаките се строги и уштиркани. Манжетните никогаш не излегуваат од опција и се значајни компоненти кои се највпечатливите детали од костумот. Во однос на маријалот од палтото и панталоните кои секогаш треба да се во црна боја, не дозволиви се крутите и дебели ткаенини, а пак реверите секогаш се од свила како и страничните рабови од панталоните. Фракот има само еден ред копчиња, а пак елекот или свилениот појас се оставени на ваш избор. Ако комбинирате елек , не треба да облечете свилен појас и обратно. Кошулата, елекот и пеперутка вратоврската секогаш треба да се надополнуваат и да бидат во иста боја.

Дамите на ЕЛЕНА ЛУКА блеснаа на Виенскиот бал и оваа година

Голем дел од присутнте дами на годинешниот Виенски бал, одбраа екстравагантни тоалети од ЕЛЕНА ЛУКА, бренд кој доминираше и како моден избор и како гламурозна естетика и бренд чиј сензибилитет  совршено одговара на амбиентот на настанот и неговиот пропишан дрес-код. Секоја дама посебно елегантна и впечатлива, во тоалети за кои заеднчки предзнак е: модата како уметност. Покрај сигурниот избор на тоалети во безвременската црна боја, за поздрав е што дел од дамите се охрабрија на себе да облечат модели во интензивни тонови или такви со впечатлви дезени, соодветно комбинрани со болеро, мини клач чанта и високи потпетици. Сегмент од модната магија што тие ја донесоа на балот, ви пресенуваме низ фотографите во продолжение.

 

 

Во галеријата во продолжение погледнете какви беа амбиентот и модата на 22-то издание на Виенскиот бал во Скопје.

 

Објавено:
14 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.758 пати