
Гулаби како комуникациско средство во случај на прекин на современите комуникации чуваат властите во индиската држава Одиша.
Во денешното време на интернет и масовна комуникација, полицијата во источната индиска држава Одиша чува јато гулаби во случај на прекини на комуникацијата за време на катастрофи.
Image by wirestock on Freepik
Полициските станици во Индија користат гулаби уште од времето на британското колонијално владеење. Денеска државната служба за гулаби превозници „вработува“ повеќе од 100 птици.
– Ги чувавме гулабите поради нивната наследна вредност и за да ги зачуваме за идните генерации, рече Сатиш Кумар Гајбхије, инспектор од областа Катак.
Полицијата тврди дека гулабите кои летаат со брзина до 55 километри на час на оддалеченост до 800 километри, барем двапати ја спасиле ситуацијата во последните 40 години.
Тие одиграа клучна улога во 1999 година откако бура ги прекина комуникациските линии. Исто така и во 1982 година за време на разорните поплави во делови од државата.
По правило, гулабите носат пораки напишани на лесна кромидска хартија, ставени во капсула и врзани за нивната нога.
– Истражувањата покажуваат дека гулабите можат да детектираат магнетни полиња. Локацијата можат да ја одредат на далечина од неколку илјади километри, изјави историчарот Анил Дир, кој соработува со полицијата.
– Дури и во неверојатното сценарио да бидат прекинати сите комуникации, гулабите никогаш нема да разочараат, рече тој.