Црна историја на ПСВ, Арсенал чекаше вакво нешто цели 33 години…

Арсенал со неверојатно издание успеа да слави на гостувањето против ПСВ Ајндховен со преубедливи 1-7, за 90 минути практично осигурувајќи си го местото меѓу осумте најдобри екипи во фудбалска Европа сезонава.

„Топчиите“ немаа постигнато повеќе од пет гола на едно европско гостување дури 33 години, поточно од дуелот против Стандард Лиеж во Купот на Победниците на Куповите, меч одигран во 1993 што Арсенал го доби со убедливи 0-7. Успехот на избраниците на Артета е уште поголем ако се знае дека Арсенал има огромни проблеми со нападот и веќе подолго време е без класичен голгетер во тимот, но лондонскиот клуб вечерва ја наполни до врв мрежата на ПСВ.

Холандскиот гигант испиша црна историја, ПСВ никогаш во 112-те години постоење нема примено пет или повеќе погодоци на домашен дуел од европските натпреварувања. А вечерва навивачите на ПСВ беа сведоци како нивниот омилен тим прима дури седум погодоци на „Филипс Арена“.

Се вчитува...