Клубови од Премиерлигата и Ла Лига се интересираат за Елмас!

Елиф Елмас би можел да го напушти Наполи во јануари или по крајот на оваа сезона и да направи трансфер во друг голем клуб, интерес за македонскиот фудбалер – има.
Трансфер експертот Екрен Конур тврди дека клубови од Премиерлигата и Ла Лига ја следат ситуацијата на Елиф Елмас.
Елмас немаше значајна минутажа кај Руди Гарсија, но тој е минато. Следува работа со Валтер Мацари, а доколку не се промени ситуацијата на македонскиот фудбалер и со новиот тренер, тој ќе почне да ги разгледува опциите за заминување.
Актуелниот договор на Елмас со Наполи трае до 30 јуни 2025 година. Од клубот сакаат да ја продолжат соработката, но тој нема да го стори тоа доколку не биде многу почесто во стартниот состав отколку што е.
https://twitter.com/Ekremkonur/status/1726858189025825140?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1726858189025825140%7Ctwgr%5E233f2ca7eec05f3b295309a815065067cde2a3ea%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fklubovi-od-premierligata-i-la-liga-se-interesiraat-za-elmas
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…