Акциска контрола во угостителски објект покрај патот Тетово-Гостивар, приведени пет странски државјанки
- Ноќеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава.

Скопје, 3 мај 2025 (МИА) - Ноќеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава.
-При контролата на угостителскиот објект поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албаниа, на возраст од 28 до 37 години, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка. сст/дма/
Фото: МИА архива