Да се работи на утринска програма е предизвик за медиумските работници, и тоа нималку едноставен. Тргнувајќи од фактот дека треба да си буден уште во мугрите, брзо расонет и концентриран, а со тоа и експресно фокусиран за пред камерите кога ќе се вклучат и ќе почнат да снимаат, а тоа да се пренесува пред гледачите во живо.
Оттука, овој професионален ангажман за водителите со искуството станува редовна пракса и навика, ама секој момент може да биде ставен пред некој неочекуван чин, па оттука секогаш и во секое време додека трае програмата треба да се биде на готовс.
Она што гледачите го гледаат преку своите ТВ приемници се водителите и репортерите од терен во живо, ама зад целата реализација на таа некокучасовна програма стои огромен тим од техничари, новинари, рализатори, организатори…
Финалниот поизвод од утринската програма на МРТ веќе знаеме како изгледа, но овој пат еден од водителите на истата, Ване Маркоски, сакаше и го претстави целиот тим колеги кои не ги гледаме пред камери, но без нив никогаш не би можело пакетот да биде целосен.
Како тоа изгледа преку камерата од мобилниот на Ване и кои се луѓето што никогаш не ги гледаме фронтално, гледате од видеото во продолжение:
View this post on Instagram
фото: Instagram printscreen/vanemarkoski_