Црна хроника
25-годишник од Битола со возило излетал од патот, со тешки повреди се здобил сопатникот

Вчера во 18.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на магистрален пат Битола – Прилеп, во близина на надвозникот со село Долно Српци, општина Могила, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Д.К. од Битола, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.К.(61) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Познат идентитетот на загинатите кај Момин Поток: 47-годишен маж и 32-годишна скојанка го загубија животот во несреќата

Четирисет и седумгодишниот С.И. и неговата 32-годишна сопатничка А.Н. се загинатите во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера помеѓу булеварите Никола Карев и 8 Септември во Скопје.
Мопедот на којшто се превезувале, според информациите од МВР, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Двајцата загинале на лице место.
Извршен е увид, а телата се на обдукција.
Црна хроника
Семејно насилство во Охрид – скопјанец ја нападнал партнерката, охриѓанец кршел по дома

СВР Охрид информира за два случаи на семејно насилство што се случиле во текот на вчерашниот ден.
На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.(42) од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.А.(35) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен демирхисарец – запалил гранки, па огнот зафатил куќа и плевна

Шеесет и деветгодишник од Слошетица, демирхисарско е приведен поради предизвикување на општа опасност, објави МВР.
„Во Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во селото Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела“, се вели во информацијата.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар и по документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.