СВР Битола уапси 39 лица во мај – запленети дрога, оружје и муниција, откриени и малолетници и странци во посед на психотропни супстанции

Само во текот на мај, полицијата во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод лиши од слобода 39 лица осомничени за трговија со дрога и оружје, а запленети се значителни количини наркотични и психотропни супстанции, оружје и муниција.

Како што информираат од СВР Битола, при извршените 9 претреси во домови и станови, откриени се различни видови дрога – марихуана, семки од канабис, течности во шприцеви и шишиња, габична и прашкаста материја, кристали во паковки, како и дигитални ваги и предмети со траги од дрога. Запленети се и огнено оружје (пиштоли, пушки) и муниција од различен калибар.

Од претресите, три биле спроведени според член 215 од Кривичниот законик – „Недозволена трговија со дрога“, а шест според член 396 – „Недозволено држење и тргување со оружје“. Извршени биле и седум прегледи на лица и шест на патнички возила, а двајца од осомничените добиле притвор од 30 дена.

Меѓу затекнатите биле и тројца малолетници на подрачјето на Битола, кај кои е пронајдена дрога, како и двајца странски државјани во Демир Хисар.

Од СВР Битола најавуваат дека продолжуваат со интензивни активности и акции за сузбивање на криминалот поврзан со дрога, оружје и други кривични дела, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните во регионот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното