еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како работела лани УНИ Банка

УНИ Банка лани остварила позитивни финансиски резултати, информираше Банката преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи од работење во 2024 година изнесуваат 2.354,7 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 8.6%.

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 485,8 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период  од 2023 година се зголемени за 7.3%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на Банката кон кредитирање на секторот население.

Остварените расходи во 2024 година изнесуваат 1.868,9 милиони денари и бележат зголемување од 10.5% во однос на истиот период од 2023 година.

Зголемувањето на расходите се должи на зголемувањето на расходите за камати, како и  на зголемувањето на административните расходи, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка со намалена добивка

УНИ Банка со зголемени приходи во првите три месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со пари од ЕУ и амин од Светска банка се менува ликот на Старата скопска чаршија

Редакција

Реми за Македонија во мечот со европскиот вицешампион Англија во Скопје

Редакција

Запален и автомобилот на извршната директорка: Притисоци и закани кон раководството на ССК

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница