Српскиот тренер Игор Кокошков од новата сезона ќе биде нов тренер на евролигашот Анадолу Ефес. Потврда за наводите што се појавија и претходно во сезоната, а во врска со неговата преселба во Истанбул, пристигнува од Италија.
И претходно беше јасно дека по завршувањето на сезоната ќе има промена на клупата на Ефес, а името на Игор Кокошков беше меѓу фаворитите за замена на италијанскиот стручњак. Сега, според последните информации, е донесена одлука Кокошков да го преземе тимот и со тоа да стане третиот тренер во последната година по Томислав Мијатовиќ.
Тоа би бил негов втор мандат во турската метропола, бидејќи претходно беше тренер на Фенербахче.
Кокошков започна во КК Београд, работеше во помладите категории на Партизан, а по заминувањето во НБА беше помошник тренер во неколку тимови, како и првиот неамерикански главен тренер кога го презеде Феникс. Тој беше и селектор на Грузија, Србија и Словенија.
Igor Kokoškov will be the new coach of Anadolu Efes. Decision made and done deal!#EuroLeague #AnadoluEfes #Efes pic.twitter.com/1pLpcDBiQU
— Andrea Calzoni (@Andrea__Calzoni) May 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА