ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.06.2023
Нина од Нови Сад со продажба на крофни се бори за својот татко

Приказната за Нина Нинковиќ, девојката од Нови Сад која продава крофни за лекување на својот болен татко, го освои интернетот, а сега пред нејзиниот штанд има огромни гужви.

Фото: Nova

Имено, на Инстаграм се појави видео на кое се гледа огромна редица на луѓе. Тие дошле да купат крофни и да му помогнат на ова вредно девојче во намерата да собере пари за лекување на нејзиниот болен татко.

„Колку се гордеам со овие луѓе“, „Браво за Новосаѓани“, „Душо браво, браво девојче“, „Честитки за сите прекрасни луѓе“… Ова се само дел од коментарите на луѓето под постот. Инаку, мајката и бабата на Нина печат крофни, а таа ги продава за симболични 100 динари.

Гестот брзо го препознале сите жители на Нови Сад, пишува Блиц, до тој степен што на мајка и и баба и  сега им е потребна помош во подготовката бидејќи крофните се продаваат побрзо отколку што можат да ги направат. Им помагаат и соседите, но побарувачката е сепак огромна.

“Отпрвин сакав да продавам крофни за џепарлак. Но се сетив дека можам да му помогнам на татко ми да собере пари за неговите лекови. Затоа почнав да продавам за него”, вели девојката која продала 500 крофни за едно попладне кога се расчу што прави.

Во 2016 година, таткото на Нина Зоран го загуби видот по откачување на мрежницата. Во март 2022 година повторно се случи аблација, по што му беше дијагностицирана симпатична офталмија и панувеитис, поради што неговиот живот е во опасност. Сега му треба помош за да оди на понатамошно лекување.

https://www.instagram.com/reel/Ct9MYO9qzRb/?utm_source=ig_web_copy_link&igshid=MzRlODBiNWFlZA==

 

Богатите повеќе придонесуваат за глобалното затоплување
(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година