• Latest

Ненамерен пропуст или геополитичка калкулација: Зошто Северна Македонија ја нема во регионалната НАТО иницијатива со Хрватска, Албанија и Косово?

April 9, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
Владата ја прекинa постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љубомир Коцевски

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

July 4, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицкоски размислува да ја реши демографската криза со воведување даноци за немажени и неженети лица

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Ненамерен пропуст или геополитичка калкулација: Зошто Северна Македонија ја нема во регионалната НАТО иницијатива со Хрватска, Албанија и Косово?

April 9, 2025 14:28
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Хрватска, Албанија и Косово потпишаа заедничка декларација за соработка во одбраната на 18 март во Тирана. Се работи за документ според кој земјите потписнички се договараат за „зајакнување на одбранбената и безбедносната индустрија, зголемување на воената интероперабилност преку заеднички обуки и вежби, спротивставување на хибридните закани и зајакнување на стратешката безбедност и поддршка на евроатлантската интеграција“. Притоа, беше нагласено дека оваа одбранбена иницијатива во рамките на НАТО „е отворена за други земји“.

Декларацијата што ја потпишаа овие три земји од регионот предизвика крајно нервозна реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во ова гледа провокација и „отворена трка во вооружување“. Се пожали дека со тоа се крши Субрегионалниот договор од 1996 година (член 4 од Дејтонскиот договор) за контрола на вооружувањето. Понатаму, тој се бунтува што Белград не е консултиран за формирање на „воен сојуз“.

Логиката – ако воопшто постои – во реакцијата на српскиот автократ е препознатлива. Неговата реторика е идентична на онаа што со децении ја слушаме од Кремљ. Земја што континуирано се вооружува и самата е производител на оружје и муниција што се продава насекаде низ светот, се претставува себеси како жртва. Исто како Москва, Белград манипулира со фактите, ја замаглува реалноста и гради наратив со кој го прикрива сопствениот хегемонизам и агресивната политика. Класична руска пропагандистичка матрица.

Но, оваа димензија на приказната е само дел од поширокиот контекст. Клучното прашање за нас е:

Зошто Северна Македонија не е дел од оваа иницијатива?

Му го поставив ова прашање на проф. Оливер Андонов кој во краткиот, но концизен 6-минутен разговор објасни дека станува збор за важна регионална иницијатива која несомнено се однесува на стабилноста и безбедноста во регионот. Без колебање, Андонов рече дека Северна Македонија треба да биде дел од оваа иницијатива. Но, исто така нагласи дека на прашањето зошто тоа не е случај, треба да одговорат „авторитетите во политиката и одбраната“.

Токму затоа, ова прашање го адресирам директно до Претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили, Нејзината Екселенција Гордана Силјановска Давкова, Претседателот на Владата, г. Христијан Мицкоски, Министерот за одбрана, г. Владо Мисајловски, и Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски.

Јавноста има право да знае. Во време на сериозни геополитички турбуленции и безбедносни ризици, ова прашање добива уште поголема тежина. Ако сме сведоци на тивко повлекување од евроинтегративниот пат – исто така алармантен процес за кој нема објаснување од политичката елита – тогаш барем треба да се обезбеди стабилноста на она што веќе сме го постигнале: членството во НАТО.

Ако институциите и лидерите немаат или не сакаат да понудат одговор, тогаш неизбежно се поставуваат уште потешки прашања:

  • Постојат ли „црвени линии“ на релации што јавноста не ги знае?
  • Дали едниот крај на тие линии е во Белград, или тоа е само релејна станица за Москва?

Ако властите и политичките лидери изберат да молчат пред домашната јавност, неизбежно ќе дојде моментот кога ќе мораат да одговорат – пред НАТО.

И тоа нема да биде лесен одговор.


Текстот е личен став на Авторот.

Видео и транскрипција од разговорот со проф. д-р Оливер Андонов:

Проф. Андонов: Северна Македонија и регионалните сојузи во НАТО – дали нашите авторитети во политиката и одбраната ќе го препознаат моментот?

Print Friendly, PDF & Email
Tags: НАТОодбранаРегионална иницијатива
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ