Трамп: Путин тотално полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша својот руски пандан Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“.
Во објава на социјалната платформа Трут Соушл, тој изјави дека рускиот лидер „непотребно убива многу луѓе, и не зборувам само за војниците“.
Според информациите на „Политико“, овие коментари сугерираат дека гледиштето на Трамп кон Кремљ станува поостро, бидејќи неговиот обид да посредува за завршување на руската војна пропаѓа без очигледен напредок. Оваа објава доаѓа по масовниот напад на Русија врз Украина за време на викендот, каде што беа лансирани дронови и проектили врз 30 градови и села, што резултираше со загуба на најмалку 12 животи, меѓу кои и три деца.
„Ракети и дронови се истрелуваат врз градови во Украина, без никаква причина“, потенцираше Трамп.
Секогаш сум велел дека тој (Путин) ја сака ЦЕЛА Украина, не само дел од неа, и можеби тоа се покажува како точно, но ако го направи тоа, тоа ќе доведе до пропаст на Русија!“
Критиките на Трамп кон рускиот претседател индицираат можно пренасочување на ставовите во американската администрација кон Путин, која првично имаше поблаг пристап кон позицијата на Москва во војната.
„Политико“ потсетува дека Трамп континуирано го обвинуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за иницирање на конфликтот и негово продолжување, иако руските сили извршија целосна инвазија во февруари 2022 година. Интензивниот напад врз Украина во текот на викендот, само една недела по двочасовниот телефонски разговор меѓу Трамп и Путин за да разговараат за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, очигледно ја интензивираше иритацијата на американскиот претседател.
„Секогаш сум имал многу добар однос со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случило“, додаде Трамп.
Меѓутоа, и покрај острите критики на Путин во објавата, Трамп повторно го нападна Зеленски, кој долго време беше главен извор на неговата фрустрација поврзана со војната.
Трамп изјави дека Зеленски „не и прави услуга на својата земја со начинот на кој зборува. Сè што излегува од неговата уста предизвикува проблеми, не ми се допаѓа и подобро е да престане“.
Претходно, украинскиот претседател на платформата Икс објави дека „светот може да оди на викенд пауза, но војната продолжува, без разлика на викенди и работни денови. Ова не може да се игнорира. Молкот на Америка, молкот на другите во светот само го охрабруваат Путин“.
Трамп, кој вети дека ќе ја заврши војната во Украина за „24 часа“ пред да биде избран за претседател, се соочува со тој голем предизвик. Оваа објава е продолжение на повторените закани од претседателот и други службеници од администрацијата дека ќе ги напуштат преговорите за прекин на огнот.
Трамп синоќа повторно ја истакна таа можност, велејќи: „Ова е војна на Зеленски, Путин и Бајден, а не на ‘Трамп’. Јас само помагам да се изгаснат големите и грди пожари, кои се започнати поради груба некомпетентност и омраза