Таравари го разреши вицепремиерот Арбен Фетаи од партиската функција, Фетаи одговори – нема да има дестабилизирачки сценарија
Нема да има брза реакција е коментарот на Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи по одземањето на функцијата претседател на партиското собрание во Алијанса за Албанците која ја предводи Арбен Таравари. Фетаи поралува нема да се откажат пред дестабилизирачките сценарија. Ќе останат таму каде што се носат одлуки и промени.
По министерската оставка Арбен Таравари прави чистка на непослушните кадри во своето крило од партијата Алијанса за Албанците. Одлуките за отстранување на непослушните доаѓаат по неколку дена откако дел од високите функционери на оваа крило од партијата се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата ВРЕДИ. На вонредното собрание беше разрешен шефот на ова партиско тело, вицепремиерот Фетаи.
Исклучивме и некои членови на Претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците, членовите на Претседателството кои беа избркани се вкупно 8 од 46 членови на Централното претседателство, така што Претседателството продолжува со мнозинството членови, Собранието со апсолутно мнозинство во Централното собрание. За Мимоза Муса одлуката не беше донесена, бидејќи не беше добро дефинирана пораката, дали останува со Алијансата за Албанците, или останува со ВЛЕН, немаме јасна порака, велат од АА.
На партиското собрание била потврдена и одлуката партијата да ја напушти владата и да се кандидира сама на локалните избори во октомври.