Поврзете се со нас

Шпанија

Легендарниот Саки ги „поздрави“ Мбапе и Флорентино по елиминацијата од ЛШ

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Убедливиот пораз во двомечот со Арсенал во Лигата на шампиони донесе многу критики на адреса на Карло Анчелоти, но ако Шпанците навистина му се нафрлија на искусниот италијански стручњак, медиумите од чизмата товарот го префрлаат на друга страна и одговорност бараат кај самите играчи кои беа далеку под своите очекувања.

Вкупниот пораз од 5:1 сигурно ќе донесе одредени промени во овој тим на Реал Мадрид, а бидејќи се погласно се шпекулира за разделба со Карло Анчелоти, легендарниот Ариго Саки реши жестоко да застане во одбрана на својот сонародник, такашто ги „поздрави“ и Килијан Мбапе и Флорентино Перез.

– Посебно сум тажен што сите го критикуваат Карло Анчелоти после елиминацијата во Лигата на шампиони. Тие што го прават тоа, се прашувам дали имаат некакво фудбалско познавање? Карло е мастер на фудбалската игра, не само поради трофеите кои ги има зад себе, туку и поради начинот на кој се справува со ѕвездите. Реал не треба да размисли еднаш, треба да размисли двапати или трипати пред да дозволи заминување на некој како Карло.

– Треба да се погледне и со каков тим располагаше оваа сезона. Му се повредија многу играчи, беше приморан да игра без природен дефанзивец во срцето на одбраната.

– Исто така, не треба да се заборави дека Мбапе беше доведен како феномен, а не покажа ништо од тоа во Лигата на шампиони. Добро го познавам опкружувањето во Реал Мадрид, добро го познавам и Флорентино Перез бидејќи работев со него како технички директор во Реал. Тој е извонреден претседател, но се фокусира премногу на напаѓачи. Кога ќе се навратам наназад, потребни ми беа три месеци за да го убедам да го купи Серхио Рамос. Тој воопшто не ни гледа дефанзивци, бидејќи секогаш мисли само на нападот, – вели Саки во својата анализа за „Газета дело Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни