Економија

Урсула фон дер Лајен понуди преговори со Трамп

Европа е подготвена да преговара со Вашингтон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека „Европа секогаш е за добар договор“.

Таа му понуди на Доналд Трамп договор за отстранување на царините за сите индустриски стоки како дел од трговските преговори, во спротивно ќе има подготвен остар одговор.

- Вистина е дека понудивме царини нула за нула за индустриски стоки, како што успешно го правевме претходно со многу други трговски партнери, изјави Фон дер Лајен, а пренесува Еуроњуз.

Таа додаде дека од понудата се исклучени фармацевтските производи, бакар, дрво, полупроводници и енергија.

- Европа е секогаш подготвена за добaр договор и затоа го ставаме ова на маса. Но, доколку одговорот е негативен, ние сме подготвени да возвратиме со контрамерки и да ги браниме нашите интереси, изјави таа.


фото МИА

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано