петок, 20 јуни 2025

Унапредена соработката меѓу македонската и италијанската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Во рамки на официјалната посета на Република Италија од делегација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, предводена од директорот Петар Богојески, во Рим беше потпишан Меморандум за соработка меѓу македонската и италијанската Национална агенција, предводена од директорката д-р Федерика Целестини Кампанари.

Објавено на

часот

Сподели

Овој стратешки документ, како што информира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, претставува темел за унапредување на билатералната соработка во областите на образованието, науката, младите, спортот и културата, со што се отвораат нови перспективи за директна поддршка на македонските универзитети, училишта, младински организации и компании преку европски фондови од Брисел, чии финансиски капацитети се значително повисоки од оние кои се достапни преку националните програми.

„Потпишувањето на ваков документ со една од основачките и водечки земји-членки на Европската Унија, Италија, претставува чин од особена важност за Република Македонија. Истовремено, тоа е јасен сигнал за проширување на европската солидарност и зацврстување на меѓусебната доверба и партнерство на полето на образовниот и научниот развој. Со овој договор, корисниците од Република Македонија ќе добијат непосреден пристап до институционални мрежи, програми и партнери од Италија, со можност за заедничка реализација на проекти и иницијативи од европски ранг. Ова партнерство претставува уште еден чекор напред во заложбите на Националната агенција за создавање нови можности за македонските граѓани, во духот на европските вредности, меѓународната соработка и одржливиот развој“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ