Точно една година до почетокот на Мундијалот 2026 година! Следното Светско првенство за прв пат ќе се одржи во три земји, на кое ќе учествуваат рекорден број од 48 репрезентации.
Моментално се познати 13 учесници на Светското првенство, вклучувајќи два дебитанти – Узбекистан и Јордан. Додека на другите континенти квалификациите се при крај, во Европа тие штотуку започнаа, а сите учесници ќе бидат познати до крајот на ноември.
Свои амбиции за пласман на Светското првенство повторно има и македонската репрезентација, која по два квалификациски собири е на чело на табелата во квалификациската група.
Согласно статистистичките предвидувања на „Фудбал дата“, Македонија има речиси 99% сигурност да игра во баражот за Светското првенство, иако е сосема јасно дека до крај ќе води жестока битка, пред се со Белгија, и за првото место во квалификациската група кое води директно на СП 2026 во САД, Канада и Мексико.
Но, Македонија има најмалку бараж согласно убедливото прво место во групата од Лигата на нациите. Во 99% македонската селекција, ќе обезбеди бараж преку Лигата на нациите, иако „Фудбол дата“ предвидува дека Македонија и низ регуларните квалификациите ќе биде пред Велс во конечниот пласман.
Currently projected to enter WC playoffs via Nations League:
Romania
North Macedonia
Northern Ireland
Moldova
To enter Playoffs, San Marino
needs
or NIR
to finish Top 2 in their groups.
’s Top 2 finish wouldn’t help
as it would likely mean that… pic.twitter.com/qsdrS49zj8
— Football Meets Data (@fmeetsdata) June 11, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА