Растат цените на нафтата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика објавува дека донела одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените производи во просек за 1,63% во споредба со одлуката од 9.06.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се зголемуваат за 1,50 ден/литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домашна употреба (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1.293 ден/кг и сега ќе достигне 39.779 ден/кг.

Од 17.6.2025 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените производи ќе бидат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 76,00 денари/литар

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,00 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЛ БС (ДЕ В) ќе се продава за 67,50 денари/литар

Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 67,50 денари/литар

М-1 НС ќе се продава за 39.779 (денари/килограм).