Македонија
19. April 2023 - 16:36

Како ќе започне изградбата на коридорите планирана за во сабота?

За 3 дена Бехтел и Енка ќе почнат со градба на коридорот  8 и 10Д.  Од каде – власта се уште не знае. Без проект, без екпропријација на земјиштето, и без законски измени, уверуваат дека рокот за старт ќе биде испочитуван . 

Ќе ви пратиме локација и ќе бидете благовремено изнформирани, изјави Благоја Бочварски, министер за транспорт и врски

Во договорот, кој останува да се држи во тајност, дефинирани се сите обврски на изведувачот, но и на државата.  Прецизирано е  за 51% од работите да  бидат ангажирани македоснки изведувачи, македонска механизација и македоснки работносци, а останатите да ги обезбеди конзорциумот. Јавното претпријатие за државни патишта веќе објави оглас за ангажирање на работна сила – Се бараат  помошници на главниот координатор, возачи, администратори,  специјалисти за експропријација, за проектна докуменатција, за геодетски работи,   координатори за  техничка изведба,, известувачи, предведувачи и слично., чии плати се движат од 30 илјади  до 70 илјади денари.  Дефинирано е да работа по 8 часа дневно , односно 40 неделно, до 22 јануари  2028 та година.  Премиерот вели – ќе работат по постојните закони, се додека не се донесат измените.

Ако се донесат законските измени и сега може да се работи по 50 часа неделно, со согласност на работникот, изјави Димитар Ковачевски, премиер.

Договорот предвидува изградбата  на 4 нови автопатски делници во должина од 108 километри, да чини 1,3 милијарди  евра. и да биде завршена  за 5 години. Дали државата ќе плаќа пенали за секое доцнење, како што обвини опозицијата, вицепремиерката задолжена за добро владеење вели дека нема информации. Не била на потпишувањето на договорот

Вчера невладините организации  побараа повлекување на законските измени и јавно објавување на дел од договорот, во спротивно – самото држење во тајност, според нив, остава простор за голема корупција