Клоп е против сините картони: Сè ќе се искомплицира!

Германскиот тренер Јирген Клоп кажа дека е против идејата да се воведат сини картони во фудбалската игра, затоа што така судиите ќе прават уште повеќе грешки во иднина.
Сините картони треба да се доделуваат во случај на груб прекршок или за непочит кон судијата, а ќе значат исклучувања во период од 10 минути, но Клоп смета дека тоа не е добра идеја.
„Мора да ги задржиме работите едноставни за судиите. Емотивни сме секогаш по натпреварите, но нов картон ќе им даде поголеми шанси за повеќе грешки. Сè ќе се искомплицира. Тоа не звучи како добра идеја. Искрено, имаме 56 години и не паметам добра идеја од луѓето од ИФАБ“, кажа Клоп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…