Економија

СРБИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕКОНОМИЈА СО ВИСОК ДОХОД, смета главниот економист на СБ за Западен Балкан

Србија може да биде економија со висок доход и да го надмине прагот од 14.000 долари БДП по глава на жител, изјави Ричард Рекорд, главниот економист на Светската банка за Западен Балкан  на денешното заседавање на Копаоник бизнис форум.

За некоја земја да влезе во групата на земји со висок доход, според критериумите на Светската банка, БДП по глава на жител треба да надмине праг  кој се ажурира секоја година  и за фискалната 2024 година изнесува 14.250 долари. Србија во оваа фискална година  имала 12.513 долари.  

- Знаеме дека животот не се мери само во долари и центи.  Ова е една од димензиите за гледање на напредокот во развојот, но тоа е корисно и важно мерило.  Јасно е дека живееме во светот со среден приход, бидејќи 75 отсто од светската популација има средни приходи. Околу 40 отсто од светскиот БДП се произведува во земјите со среден приход, изјави Рекорд.

Околу 50 отсто од сиромашните во светот се во земјите со среден приход. Од 1990 година околу 33 земји успеале да направат скок од средниот кон висок приход, а добар пример за тоа е Полска, додаде тој.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО