вторник, 17 јуни 2025

Срамно соопштение на ЕХФ, мечот не се одиграл од безбедносни причини

Европската куќа на ракометот ЕХФ соопшти дека натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК не се одиграл од безбедносни причини.

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва се беше подготвено за спектакл, но натпреварот не се одигра поради навивачите и ракометарите на АЕК.

Фановите на АЕК не се појавија на трибината каде што требаше да бидат сместени, а ракометарите на грчкиот клуб не сакаа да играат поради тоа што ги нема нивните навивачи.

Но, ЕХФ излезе со соопштение дека мечот не се одиграл од безбедносни причини.

„Финалето од ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК Атина беше откажан од безбедносни причини“, стои во соопштението на ЕХФ.

Нејасно е кои се тие безбедносни причини кога ракометарите на АЕК во ниту еден момент не беа загрозени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ