
Како резултат на непоколебливата посветеност и проактивниот пристап кон управувањето на ВРЕДИ, за прв пат еколошките прашања што директно влијаат на албанските подрачја влегуваат во агендата на меѓународните стратешки партнерства. Во рамките на официјалната посета на Обединетото Кралство и потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, даде поддршка за елиминирање на депониите за опасен отпад, со фокус на албанските средини кои беа запоставени со децении, се наведува во денешното соопштение на ВРЕДИ.
„Чистењето на тешкото индустриско загадување во населени места како Ваксинце, Љојани и Јегуноце, кои со години се соочуваат со сериозни последици по здравјето на жителите и животната средина, сега се дел од заедничката инвестициска агенда со Обединетото Кралство. Ова конкретно достигнување е доказ за посветеноста на ВРЕДИ кон развојна еднаквост и целосно вклучување на албанските средини во стратешките проекти на државата.
ВРЕДИ го смета ова за голема победа за албанските граѓани, особено во регионите кои со години беа игнорирани од државните институции. Вклучувањето на овие подрачја во меѓународни проекти за чистење и рехабилитација на животната средина е важен чекор кон обезбедување на по здрав и подостоинствен живот за сите“, објави ВРЕДИ.
ВРЕДИ ќе продолжи со ист интензитет да ги штити интересите на албанските и сите други граѓани на секое ниво и да спроведува политики што одразуваат рамномерен развој, еколошка правда и достоинство за сите, нотираат во соопштението.