вторник, 20 мај 2025

Ливерпул по 20. пат е шампион на Англија (ВИДЕО)

Ливерпул со убедливи 5-1 го победи Тотнем и на четири кола до крајот ја завери титулата во Премиерлигата, нивна јубилејна, 20. за првак на Англија.

Објавено на

часот

Сподели

Црвените на Арне Слот доминантно ја освоија титулата во Премиерлигата, а таа овојпат на вистински начин ќе биде прославена за разлика од претходната која беше во време на короната.

На Ливерпул му беше потребен само бод против Тотнем за да ја завери титулата, но тие немаа милост кон противникот, го победија со 5-1.

Мечот почна лошо за црвените кога Соланке уште во 12. минута донесе водство за Тотнем, но работите брзо се сменија, само четири минути подоцна Диаз израмни на 1-1.

Во 24. минута Мекалистер погоди за комплетен предност и водство на Ливерпул од 2-1, а десет минути подоцна Гакпо реализираше за 3-1.

Салах во 63. минута погоди за 4-1, а конечните 5-1 беа поставени шест минути подоцна кога Удоги си даде автогол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ