еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Уапсен, па ослободен српскиот новинар Немања Шаровиќ

Вчера беше уапсен, па ослободен српскиот новинар Немања Шаровиќ, водител на телевизијата КТВ Зрењанин, кој известува за протестите во Србија.

Тој беше уапсен од српската полиција додека известуваше за наводните студенти –  “контрапротестанти“ од студентскиот камп во Пионерскиот парк во Белград.

Полицаец побара од него да го напушти кампот, но Шаровиќ не го стори тоа, по што дојдоа повеќе полицајци. Тоа според полицијата било побарано од него „поради опасност да не дојде до големо нарушување на мирот и редот“.

Полицијата го стави во автомобилот на сила, додека тој предупреди дека тоа што го прават е незаконски и дека ќе бидат тужени.

Откако беше ослободен тој изјави дека „полицијата му го ускратила правото на слободно движење“.

„Јас не отидов да се тепам, отидов цела Србија да ја види нашата иднина, оваа пристојна Србија и да се слушнат нивните барања. Очекував дека ќе бидат воодушевени, но тие беа сè понервозни.

Полицајците добија наредба да ме одведат, исто како што се консултираа и сега кога реков дека не сакам да одам. Очигледно, тој што ја дал наредбата сфатил дека не е во нивен најдобар интерес повторно насилно да ме извлекуваат“, изјави Шаровиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Големи протести низ Србија по повикот на студентите за генерален штрајк

(Видео) Студентите во Србија ја “оживееа“ песната „За милион години“ на Ју рок мисија, која им стана химна

„Беше многу непријатно, не ни кажаа каков ризик сме„, вели Искра Росо, македонската државјанка која беше протерена од Србија

Фото: Шаровиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 378 случаи на Ковид-19 од 2.560 тестови, 58 се реинфекции

Редакција

(Фото) Транспаренти “Македонија е бугарска“ во Благоевград за отворањето на македонскиот клуб

Редакција

Што пријавила министерката Славјанка Петровска, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува дека крие имот во Радишани

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница