• Саше Љолес
Легендарниот Шекил О'Нил го прокоментира третиот натпревар од финалето на западот помеѓу Оклахома и Минесота, истакнувајќи дека очекувал многу повеќе од Шеј Гилџес-Александер, новиот МВП на НБА лигата.
Минесота го разби ривалот и славеше со убедливи 143-101, а Гилџес-Александер имаше очајна партија и постигна „само“ петнаесет поени, со девет промашени шутеви од поле.
„Очекував повеќе од Шеј. Мислев дека ќе продолжи да бомбардира, особено откако му падна товарот околу МВП наградата. Знам дека е лесно да се коментира од страна, но ова е конференциско финале и мора да биде на највисоко ниво. Секому може да му се случи лош ден, мислам дека на следниот меч ќе биде многу подобар“, рече Шекил.
Четвртиот натпревар меѓу финалистите во западната конференција ќе се одигра на 27 мај во 02:30 часот по македонско време.