Скопје
Усмртиле пешак, па лажеле да избегнат вина, СВР Скопје го расчисти случајот

На 02.11.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „500“ и ул. „401“ во село Марино, скопско, патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, удрило во В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштило местото на настанот. Во несреќата, од здобиените повреди, на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и биле преземени низа оперативни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. Прегледани се видео снимки од околни објекти, разговарано е со лице- сведок, како и со лицата кои се сопственици на возилото, кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.
Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во ПС Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46) го управувал возилото. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите информираа од МВР.
Скопје
За еден ден во Скопје изречени 180 мерки во областа на сообраќајот

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2025) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за непрописно паркирање 90 санкции, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира СВР Скопје
Скопје
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје, поради меѓународен спортски натпревар

На 25.05.2025 (недела) со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Р.Грција.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат своите возила во близина на спортскиот центар.
Скопје
Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега се спроведуваше само во странските и приватните медицински центри.
Интервенциите бea изведени од виш научен соработник д-р Огнен Ивановски. Првите две интервенции се изведоа под менторство на професор д-р Сергеи Владиславович Котов од Клиниката за урологија Пирогов во Москва, Русија.
Досега, изведени се вкупно 10 вакви интервенции, што ја вбројува Универзитетската клиника за урологија помеѓу ретките центри, кои се лиценцирани за изведување на овој тип нови процедури.
Во изминатава година, во однос на земјите од регионот, во Македонија се вградени најголем број уринарни сфинктери на пациенти кај кои е неопходна ваква интервенција. Операцијата на вградување сфинктер е целосно покриена од Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија и претставува нова услуга во јавното здравство.
Неконтролираното истекување на урина од мочниот меур (уринарна инконтиненција) најчесто се јавува после оперативно вадење на простатата поради карцином. Неволното истекување на урината најчесто се јавува при стоење или одење, а се интензивира при активности како кревање терет, смеење, кашлање или кивање. Оваа состојба во голема мера го нарушува квалитетот на живот на пациентот и претставува сериозен социјален и хигиенски проблем.
– „Повеќе од 10 месеци посветени сме на оваа нова процедура. Горди сме што можеме да понудиме решение на проблем за кој претходно пациентите беа принудени да патуваат во странство. Вградувањето на вештачкиот уринарен сфинктер е златен стандард за решавање на уринарната инконтиненција, особено кај пациенти по операција на простата. Оваа интервенција значително ја подобрува контролата на урината кај пациентите, за кои ова е комплетно решение“, вели д-р Ивановски, виш научен соработник на Универзитетската клиника за урологија во Скопје.
По стекнувањето на соодветна експертиза во странски центри, како што е работа на 3D испечатени модели на мала карлица во Турција, курсеви на кадавер, како и клинички стаж во Левен, Белгија, д-р Ивановски за првпат самостојно изведе операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер кај 10 македонски пациенти.
– „Со воведувањето на оваа процедура, Универзитетската клиника за урологија, не само што ја проширува понудата на здравствени услуги во јавниот сектор, туку и го подобрува животот на пациентите, кои досега немале можност за третман на уринарната инконтиненција во рамките на земјава“, изјави директорот на Универзитетската клиника за урологија, д-р Башким Шабани.
– Карциномот на простата е најчесто дијагностицирана малигна болест кај мажите над 50-годишна возраст.
Се проценува дека 1,4 милиони мажи годишно го добиваат овој карцином, а 375.000 од нив умираат како директна последица од болеста, се вели во соопштението од Универзитетската клиника за урологија.
/ПР
-
Хроника19 часа
При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (4 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за четврток (5 јуни)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид одржа работилници на тема „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“ со ученици од второ и трето одделение на основни училишта
-
Македонија2 дена
МВР изрече кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 3 јуни
-
Автомобили2 дена
Новиот прототип на „Subaru“ се очекува да дебитира на „Japan Mobility Show 2025“