Јокиќ промашуваше, Денвер до нова предност по продолжение

Никола Јокиќ немаше свој шутерски ден промашувајќи десет обиди од поле, но и покрај проблемите на Србинот, Денвер успеа да слави во третиот натпревар од серијата против Оклахома со 113-104 по едно продолжение и да поведе со 2-1 во серијата.

Џамал Мареј со 27 поени и 8 асистенции беше лидер на Денвер, додека 20 поени и 16 скокови дополни Јокиќ. Вилијамс беше убедливо првото име на средбата со 32 поени и 5 скокови, а Гилџус-Александер постигна 18 поени, 13 скокови и 7 асистенции.

Кливленд намали на 2-1 во серијата против Индијана совладувајќи ја со 104-126 во третиот натпревар. До триумф гостите ги предводеше Митчел со 43 поени, 9 скокови и 5 асистенции, додека прво име кај домашниот состав беше Матурин со 23 поени.

Се вчитува...