Фудбалерот на Кардиф Сити, Арон Ремзи, е назначен за привремен тренер на велшкиот клуб, откако претходниот тренер Омер Риза доби отказ.
„Кардиф Сити може да потврди дека е донесена одлука да се ослободи Омер Риза од неговите должности како менаџер на првиот тим. Арон Ремзи ќе го преземе тимот за преостанатите три натпревари од сезоната во Чемпионшип, почнувајќи од понеделник, кога ќе играме дома со Оксфорд Јунајтед“, стои во објавата на клубот.
Крис Гантер, Џо Рајлс, Том Хатон и Метју Блоксам ќе бидат дел од стручниот штаб на Ремзи.
Поранешниот фудбалер на Арсенал ќе се обиде да го спаси својот тим од испаѓање од англискиот шампионат, во кој клубот од главниот град на Велс го зазема претпоследното, 23. место на табелата со 42 бода, бод помалку од Дерби Каунти, која е на 21. место, најниска позиција надвор од зоната за испаѓање.