МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Од:

СВР Скопје го расчисти убиството кое вчера околу 15 часот во скопската населба Шуто Оризари го изврши Н.А. (38) од Скопје, кој при семејна расправија со нож ја уби својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје.

Откако ја убил Р.А., се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, тој е уапсен при обид да ја помине државната граница на ГП Табановце.

„На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и обдуценти од Институтот за судска медицина и криминалистика, по што телото на починатата е пренесено на ИСМК за обдукција. Дополнително, утврден е идентитетот на Д.С. (32), кој му помогнал на сторителот и го превезол до ГП Табановце, а му помогнал и да ја фрли облеката што сторителот ја носел во време на извршувањето на кривичното дело, која потоа од страна на полициските службеници е пронајдена и подигната за вештачење, а Д.С. е лишен од слобода. Исто така, пронајден е и ножот со кој сторителот го извршил кривичното дело. По обезбедување на доказниот материјал, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава во итна постапка против Н.А. за кривично дело “Убиство” и против Д.С. за кривично дело “Помагање на сторител по извршено кривично дело”, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани