Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше натпреварот против Барселона кој заврши 4-3 во корист на неговиот тим. Мечот беше решен во продолженијата, откако во спектаклот во 90 минути, заврши 3-3. Интер најпрво имаше сигурно водство, па мораше да се враќа од „мртвите“ за да избори продолженија, кои ги реши во своја корист.
Инзаги истакна огромно задоволство од пласманот во финалето, и искажа суперлативи за неговите играчи.
„Мораме да им честитаме на Барселона за овие два неверојатни меча. Тоа беше навистина силен противник. Потребен беше супер Интер, па затоа им честитам на моите момци за неверојатните настапи на двата натпревари. Тоа беше единствениот пат до финалето. Горд сум што сум тренер на овие играчи, и не би ги менувал за ништо на светот. Сега мора да уживаат во овие моменти. Овие играчи се пример. Не беше лесно, моравме да ја ограничиме Барселона. Лаутаро, Дамфрис и Фратези не беа 100% фит, па мораше да ги користиме и нашите срца да ја надминеме секоја пречка“, рече Инзаги.
Тој истакна дека бил импресиониран од Френки де Јонг.
„Сите зборувааат за Јамал, но Де Јонг беше фантастичен исто колку и Јамал. Повторно ќе кажам, не би ги менувал моите играчи за никого, но навистина Де Јонг беше сензационален“, изјави Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА