• Саше Љолес
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ја заврши позајмицата во редовите на полската Јагјелонија и се враќа во Барнли, каде има уште една година од договорот.
Англискиот тим се врати во Премиер лигата и повторно ќе игра во елитата, но уште не е познато какви планови имаат управата и стручниот штаб кога се работи за Чурлинов.
Нашиот фудбалер за Јагјелонија одигра 43 меча во сите конкуренции и постигна седум гола, оставајќи одличен впечаток во првенството и во Конференциската лига на УЕФА. Ако Барнли нема намера да го задржи во своите редови, тогаш сигурно ќе следи нова позајмица или перманентен трансфер во друг клуб.