Поврзете се со нас

Англија

Акција од соништата: Продор на Сака, магија од Мерино и завршница на Мартинели (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал игра со се поголема самодоверба како што се ближи крајот на сезоната, а растеретени од притисок после огромната победа над Реал Мадрид, избраниците на Микел Артета започнаа одлично и на гостувањето кај Ипсвич.

„Топчииите“ имаат два гола позитива и играч повеќе на теренот по 45 минути игра, но дефинитивно највреден момент за одбележување е оној од 29-та минута.

По почетниот гол на Тросар за водство од 0:1, Арсенал изведе акција од соништата во пет потези, а посебно брилијантни беа последните три допири со топката.

Букајо Сака направи продор во свој стил и сврте топка во шеснаесетникот, Микел Мерино изведе магија и ја проследи топката со пета, а осамен во петерецот остана Мартинели кој погоди за 0:2.

Набрзо по вториот гол на гостите, Дејвис заработи директен црвен картон и Ипсвич до крајот на мечот ќе игра со 10 фудбалери на теренот.

Голот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни