16.05.2025 13:10
Вести Македонија

Последен коцкарски танц преку интернет- ќе се прават листи за забрана на веб страници

Виртуелните нелегални коцкарници ќе згаснат, од наредната недела на сила стапуваат новите измени во Законот за електронски комуникации.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски од Штип најави дека се подготвени да ја донесе методологијата, со којашто ќе се забрануваат нелегалните онлјан приредувачи на среќа.

Државна лотарија ќе има обврска на секои две или три недели да испраќа табела со веб страници коишто ќе треба да бидат забранети.

Министерот за информатичко општество Стефан Андоновски ги објасни измените.

Проценките се дека граѓаните на онлајн коцкање годишно трошат од 200 до 300 милиони евра. Во првиот бран се очекува забрана на над 160 веб страници, на коишто онлјан се коцкаат македонските граѓаните.

Инаку денеска во Штип беше отворен и Центар за услуги, со што граѓаните ќе можат на едно место да добијат 300 документи од министерства, државни институции и агенции.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тетовскиот суд ги прогласи директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за пожарот во модуларната болница

Дејан Дејан

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Дејан Дејан

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе