Министерот Османи приклучен на инфузија додека држи состанок (ФОТО)

|

Албанскиот портал Ина-онлајн денеска објави фотографија од кабинетот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а на која се гледа како шефот на македонската дипломатија има состанок со луѓе, но додека се одвива состанокот тој практично прима инфузија.

Пластично шише полно со течност е закачено на закачалката, а цревото за инфузија е доволно долго за да стигне до фотелјата на којашто седи министерот, пренесе Плус инфо.

Ваквата фотографија предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Дали се работи за исцрпеност од работата или за нешто посериозно се уште нема информации, но она што е сигурно е дека работата не смее да трпи, па дури и во ваква ситуација состаноците мораат да се одржат.