22 Мај, 2025
0.2286

И СО 15 ГОДИНИ ИСКУСТВО – ПРВО ВОЛОНТЕР, ПА ХОНОРАРЕЦ: Најави за вработувања на средномедицински кадар има постојано, но за кого се работните места?

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Во време кога јавните здравствени установи мачат мака со недостиг од медицински кадар, а министерот за здравство најавува нови вработувања до крајот на годинава, медицинските сестри со долгогодишно искуство се принудени да бараат стабилна работа како „град на вода“. Наместо сигурност, ги пречекуваат понуди за волонтирање и договори на дело. Така, додека владата ветува 1800 нови вработувања, на терен стручните кадри се прашуваат: дали и оваа рунда вработувања ќе заврши како дел од политичкиот пазар или навистина ќе значи подобрување на условите во јавното здравство?

Светлана Т., медицинска сестра од Скопје со 15 години искуство, во разговор за Фактор вели дека не се надевала дека ќе мора повторно да се бори за работно место, и тоа во систем во кој, како што вели, „без партиска поддршка, тешко добиваш трајно вработување“. По години работа во приватна здравствена установа, каде што била преоптоварена со работа, особено со тешки пациенти, Светлана одлучила да даде отказ, не поради, како што посочува, недостаток на љубов кон професијата, туку поради условите што веќе не можела да ги издржи.
„Имам семејство, кредити, планирам и нов заем за станот, а банките не признаваат ништо ако не си трајно вработен. Кога побарав работа во ГОБ 8 Септември, ми понудија прво да волонтирам еден месец, па потоа да работам со договор на дело. За трајно вработување ми рекоа: кога ќе излезе конкурс, аплицирај си. Но, без никакво ветување. Јас не можам да прифатам такви услови. Ова е тежок и одговорен занает, со дежурства, празници, ноќи смени. Сакам трајно решение“, вели Светлана.
Таа отворено прашува: „Ако сега се најавуваат вработувања, дали тоа се реални вработувања или се резервирани за партиски кадри? Бидејќи повеќе од очигледно е дека луѓе како мене, со 15 години искуство, не сме први на листата.“

Инаку, министерот за здравство Арбен Таравари од почетокот на годинава најави дека до крајот на 2025 во јавното здравство ќе бидат вработени точно 1800 лица, односно 1180 средномедицински кадар и 600 специјализанти.

Во една од изјавите што ја даде минатиот месец, рече дека 20 јавни здравствени установи веќе имаат подготвени систематизации и можат веднаш да ги вработат првите 300 приватни специјализанти, главно гинеколози и кардиолози.
„Процедурите за вработувања течат, а некои болници веќе објавиле огласи.Вработувања ќе има континуирано, но засега тоа што е сигурно се 1180 средномедицински персонал и 300 специјализанти, како и уште толку на крајот од годината. Во здравството ќе има точно 1800 вработувања. Во меѓувреме ќе бидеме принудени да имаме и нови договорци зашто насекаде посебно ни недостасува средномедицински кадар“, рече Таравари на почетокот на април.
Тој посочи дека јавните здравствени установи ќе добијат нови кадри преку новите систематизации, од кои засега 20 се одобрени, а останатите ги чекаат процедурите во Министерството за администрација.

Најавените вработувања беа едно од главните ветувања во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборната победа, тоа ветување официјално влезе и во Програмата на новата влада, со најави дека ќе се спроведува континуирано до крајот на годинава.
Со хроничниот недостиг на медицински кадар, а од друга страна со постојаното иселување на доктори и медицински сестри, останува прашањето дали ветените вработувања ќе бидат решение за кадровско подобрување на состојбите за јавното здравство.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„ЖАЛ МИ Е ШТО НЕ УСПЕАВ ДА Ѝ ГИ ОТВОРАМ ЕВРОПСКИТЕ ВРАТИ“: Битиќи со емотивна објава на социјалните мрежи

„ЖАЛ МИ Е ШТО НЕ УСПЕАВ ДА Ѝ ГИ ОТВОРАМ ЕВРОПСКИТЕ ВРАТИ“: Битиќи со емотивна објава на социјалните мрежи

„КАКОВ ПАД ОД ЦЕНЕТА ПРОФЕСОРКА, ДО ПАРТИСКА МАРИОНЕТА“: Ванковска за претседателката Силјановска Давкова

„КАКОВ ПАД ОД ЦЕНЕТА ПРОФЕСОРКА, ДО ПАРТИСКА МАРИОНЕТА“: Ванковска за претседателката Силјановска Давкова

ОТКАКО ДЕЦА ПОВРЕДИЈА ШТРК ВО ГЕВГЕЛИЈА: Биолог ни објаснува колку штрковите се корисни за сите нас

ОТКАКО ДЕЦА ПОВРЕДИЈА ШТРК ВО ГЕВГЕЛИЈА: Биолог ни објаснува колку штрковите се корисни за сите нас

ОБЈАВЕНА Е ПРОГНОЗАТА ЗА ЛЕТОТО: Еве какво ќе биде времето во летните месеци

ОБЈАВЕНА Е ПРОГНОЗАТА ЗА ЛЕТОТО: Еве какво ќе биде времето во летните месеци

„ОД ОКТОМВРИ СИНЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ НА МАШИНСКИ“: Синот на Мицкоски матурираше, ќе студира на факултетот каде што професор е татко му

„ОД ОКТОМВРИ СИНЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ НА МАШИНСКИ“: Синот на Мицкоски матурираше, ќе студира на факултетот каде што професор е татко му

АРСОВСКА ГИ ПОВИКУВА ОЈО И ОЈОГОКК: Дури 150 дивоградби Ганиу сака да ги легализира во Чаир

АРСОВСКА ГИ ПОВИКУВА ОЈО И ОЈОГОКК: Дури 150 дивоградби Ганиу сака да ги легализира во Чаир

ПАРИТЕ ОД ЛОНДОН ЗА ДЕПОНИИ: Еве за што ќе се трошат парите од договорот за стратешко партнерство

ПАРИТЕ ОД ЛОНДОН ЗА ДЕПОНИИ: Еве за што ќе се трошат парите од договорот за стратешко партнерство

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер

АФРИМ ГАШИ НИТУ ЕДНАШ НЕ БИЛ ВО КОЧАНИ: Објасни зошто не заминал таму по пожарот

АФРИМ ГАШИ НИТУ ЕДНАШ НЕ БИЛ ВО КОЧАНИ: Објасни зошто не заминал таму по пожарот