logo
logo
logo

Спречена експлозија на цистерна – горела до бензиска пумпа

Vecer | 09.04.2024

Спречена експлозија на цистерна – горела до бензиска пумпа

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес утрово спречиле експлозија на цистерната којашто се запалила на автопатот Велес – Градско во близина на бензиската пумпа „Дади компани“.

Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, утрово во 9:08 часот добиле дојава за запалениот шлепер цистерна во близина на бензиската „Дади компани“ , по што веднаш се упатиле кон местото на настанот со две противпожарни возила и пет пожарникари.

– По пристигнувањето пристапено беше кон гаснење на пожарот и поради брзата итервенција не дојде до експлозија на цистерната, велат од ТППЕ Велес.

Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk