Две апсења во Центар, едно на границата Долно Блаце: Четири лица со лисици во станица

На 10.05.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.А.(45) и М.К.(37), двајцата од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.05.2024) во 01.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(22) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.05.2024 во 20.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода П.О.(38) од Косово, затоа што при извршена контрола констатирано било дека на увид дал туѓа лична карта, сопственост на неговиот брат О.Л.(26). Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…