Џеј Ло гламурозна, ѕвезда гостинка на Греми наградите

6 февруари 2023

Иако овој пат Џенифер Лопез не беше дел од црвениот тепих на Греми наградите, таа заблеска во полн сјај како презентер на награда и гостинка во публиката.

Ѕвездата се појави на сцената за да ја додели првата награда за најдобар поп албум, која што ја прими Хери Стајлс.

Педесет и три годишната Џеј Ло носеше прекрасен Гучи фустан, прекриен со кристали.

По корсетираниот фустан се слеваа светкаво, сребрени ленти, целосно изработени од кристали кои паѓаа речиси до петиците на пејачката.

Наместо ракави Џеј Ло носеше низа од блескави ленти, кои завршуваа на зглобовите формирајќи сребрено, светкави алки.

Греми стајлингот на Џеј Ло беше надополнет со три големи дијамантски ѓердани со потпис на Bulgari, како и неколку впечатливи прстени.

Вистинска ѕвезда гостинка на вечерта.

Фото: Instagram

Објавено:
6 февруари 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
925 пати