Четири начини за правилно миење на јагоди: Ќе се отстранат сите нечистотии

popara9 мај, 20251min00
shutterstock_144400171.format-webp.width-900

Јагодите се еден од омилените видови овошје кое многумина со нетрпение го очекуваат со доаѓањето на потоплите денови.

Покрај тоа што се неодоливо вкусни и богати со витамини, важно е да се внимава и на нивната правилна подготовка пред консумирање.

Бидејќи се многу чувствителни и често доаѓаат во контакт со разни нечистотии и пестициди, клучно е да знаете како темелно да ги измиете, пренесува Danas.rs.

Постојат четири докажани методи кои ќе ви помогнат без грижа да уживате во јагодите.

За темелно чистење на јагодите и отстранување на нечистотијата, пестицидите и бактериите, можете да користите еден од следните пет докажани методи:

Обична вода

Измивањето на јагодите под ладна вода може да биде ефикасно, но подобро е секоја јагода да се измие поединечно или накратко да се потопуваат во сад со ладна вода. После тоа добро избришете ги со хартиена салфета или крпа.

Вода и алкохолен оцет

Во сад ставете вода и алкохолен оцет во сооднос 3:1. Оставете ги јагодите да седат во оваа смеса 15 до 20 минути, а потоа добро исплакнете ги со чиста вода и исушете ги.

Вода и сода бикарбона

Додадете една лажичка сода бикарбона во четири чаши вода. Потопете ги јагодите во оваа течност околу пет минути, а потоа исплакнете ги и добро исушете ги.

Вода и сол

Додадете една лажичка сол на секоја лажица вода во топла вода. Потопете ги јагодите пет минути, а потоа исплакнете и исушете ги.

Овие методи помагаат да се отстранат нечистотиите и остатоците од пестициди од јагодите, што ги прави побезбедни за консумирање.