Шефот на поткомисијата за истраги на американскиот Сенат, Рон Џонсон, објави дека започнал истрага за тоа кој ги водел САД за време на претседателствувањето на Џо Бајден. Во исто време, тој нагласи: „Мораме да го направиме тоа. Мора да знаеме кој ја водеше американската влада“.
Џонсон откри дека наскоро ќе почне да испраќа судски покани за сослушувања/сведочења до „неколку десетици луѓе кои имале директен контакт со поранешниот шеф на државата“.

Претходно, Трамп ја обвини околината на својот претходник за предавство, па дури и за велепредавство, која, според него, знаела за физичките и менталните проблеми на Бајден, но не само што ги криела, туку и ги злоупотребувала.
Минатата недела беше откриено дека на Бајден (роден на 20 ноември 1942 година) му е дијагностициран агресивен рак на простата. Излегува дека оваа болест може ефикасно да се лекува. Онкологот Езекиел Емануел за „Вашингтон пост“ изјави дека ракот на Бајден се развивал од почетокот на неговиот претседателски мандат во 2021 година. И ова предизвика бран нови сомневања дека дијагнозата била прикриена.
Во меѓувреме, беше критикуван извештајот на лекарот од Белата куќа од февруари 2024 година, во кој беше наведено дека здравјето на Бајден е во ред и дека нема проблеми со простатата.
Покрај тоа, беше објавена книгата „Првобитниот грев: Падот на претседателот Бајден, неговото прикривање и катастрофалната одлука повторно да се кандидира“ од новинарите Џејк Тејпер и Алекс Томпсон.
Цитирајќи поранешни службеници на администрацијата, авторите тврдат дека до 2024 година, Бајден ја изгубил способноста да ги извршува своите должности и дека во критични ситуации го користел она што му било напишано дури и на затворени состаноци на неговиот кабинет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата